СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Се докапитализира Развојната банка за спроведување на КОВИД-19 мерките

На денешната седница Владата ја донесе и Одлуката за зголемување на почетниот капитал на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје.

Целта на предложената докапитализација на Развојната банка е зголемување на поддршката за приватниот сектор преку поддршка на извозот, особено во услови на отежнато работење и намалена ликвидност предизвикана од пандемијата на КОВИД-19, како и олеснување на пристапот до суровини за преработка.

Со оваа одлука ќе се обезбеди реализацијата на мерката за издавање на царински гаранции во вкупен износ од 3 милиони евра која беше утврдена со четвртиот пакет на економска поддршка на компаниите од приватниот сектор за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19.

Поврзани вести

„Интеренерго“ и „Тригал“ со инвестиција од над 40 милиони евра во Богданци за продукција на електрична енергија од ОИЕ

Влатко Зорба

Цените на нафтата достигнаа највисоки нивоа од јануари минатата година

Влатко Зорба

Стопанска комора: Клучен проблем е раздолжувањето на државата кон компаниите

Никола Поповски