16.8 C
Скопје
25 септември, 2023
СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Се докапитализира Развојната банка за спроведување на КОВИД-19 мерките

На денешната седница Владата ја донесе и Одлуката за зголемување на почетниот капитал на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје.

Целта на предложената докапитализација на Развојната банка е зголемување на поддршката за приватниот сектор преку поддршка на извозот, особено во услови на отежнато работење и намалена ликвидност предизвикана од пандемијата на КОВИД-19, како и олеснување на пристапот до суровини за преработка.

Со оваа одлука ќе се обезбеди реализацијата на мерката за издавање на царински гаранции во вкупен износ од 3 милиони евра која беше утврдена со четвртиот пакет на економска поддршка на компаниите од приватниот сектор за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19.

Поврзани вести

Пензиите достапни од 26 август

Берта Китинска

Ангеловска-Бежовска: Депозитите на граѓаните се безбедни

Ангеловска: Растот на БДП е добар сигнал дека економијата е на добар пат