На страницата kupuvamdomasno.gov.mk се уште се ажурираат листите со корисници на финансиска помош, но денеска од Влдаата информираа дека рокот за трошење на средствата се пролонгиран.
Инфомираме дека eднократната поддршка од 6.000 денари која граѓаните ќе ја добијат, можат да ги користат и после предвидениот рок 25 декември 2020 година.
Тоа се пари на и за граѓаните на кои им е потребна поддршка и истите ќе може да се користат непречено веднаш после уплатата на сметка.До крајот на неделата страницата kupuvamdomasno.gov.mk се очекува да биде ажурирана за граѓаните да може да проверат дали се на листата со внесување на својот матичен број, информираат од влада.
Исплатата на 6000 ден како четврт пакет од мерките ќе се врши преку трансакциските сметки, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.
– Државата ја прави исплатата кон банките за финансиската поддршка од по 6.000 денари предвидена во четвриот пакет мерки за ранливи категории граѓани, по што банките ќе треба да ги префрлат средствата на трансакциските сметки на корисниците.Сакаме да водиме грижа да не се ствараат гужви пред банките, одлуката ја донесовме да ја исплатиме преку трансакциските сметки. Исплатите започнаа, државата ја прави исплатата према банките, а банките ќе ги префрлат парите до граѓаните, а ќе бидат опфатени пензионерите, пасивните баратели на работа, самохраните родители и други ранливи категории ќе добијат по 6000 денари, рече Заев.