СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Извозот на велосипеди лани достигна скоро девет милијарди долари

Извозот на велосипеди на глобално ниво минатата година беше 8,9 милијарди долари, што е намалување од 3,1% во однос на 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.

Кина е прва на листата со извезени велосипеди во висина од 2,9 милијарди долари. Меѓу петте најголеми извозници во светот се и: Тајван (1,4 милијарди долари), Холандија (801,8 милиони долари), Германија (658,3 милиони долари) и Камбоџа (483,3 милиони долари).

Од земјите во регионот, највисоко (11-то место) котира Бугарија со извоз на велосипеди во вредност од 137,3 милиони долари. Потоа следуваат: Србија (10,2 милиони долари), Грција (8,1 милиони долари), Хрватска (5,3 милиони долари) и Словенија (4,7 милиони долари).

Според податоците, земјава скоро и да нема извоз на велосипеди на странски пазари.

Поврзани вести

Нови мерки и 200 милиони евра поддршка за модерно и одржливо земјоделството, најавува Владата

Берта Китинска

Хрватска го доби најголемиот удар на економијата во својата историја

Stefanija Kuzmanovska

Од идната недела ќе се исплаќаат депозитите од Еуростандард банка до 30.000 евра