СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Големи инвеститорски имиња ги преместуваат инвестициите во Биткоин

Биткоинот достигна рекордна вредност, откако го надмина нивото од 20.000 долари за прв пат во историјата, како резултат на растот на побарувачката кај институционалните инвеститори за оваа дигитална валута.

Највредната виртуелна валута во светот се тргуваше за околу 20.600 американски долари, што претставува раст на цената од 5,6 проценти, покажуваат податоците на пазарот на компанијата Coin Metrics, со што нејзиниот раст на вкупната вредност се зголемува од почетокот на годината на повеќе од 180 проценти, пренесе „CNBC“.

Аналитичарите велат дека последниот скок на цените поттикнаа големи инвеститори како Пол Тудор Џонс и Стенли Дракенмилер, кои ги „преместуваат“ своите средства во криптовалутата, а технолошките компании како „Сквер“ и „МикроСтратеџи“ исто така се насочија кон купување биткоин.

Најновата рекордна вредност на биткоинот ги потсети многу набудувачи на пазарот на огромниот раст од 2017 година, кога се приближи до цената од скоро 20.000 долари, проследено со стрмен пад следната година на ниво од приближно 3.000 американски долари.

Поврзани вести

Саемот во Хановер ги ангажираше Deutsche Telekom и Siemens за изградба на мега 5G кампус

Влатко Зорба

Германците ја потценуваат можноста за губење на работни места поради автоматизацијата

Влатко Зорба

Германија губи 5% од БДП во 2020 година (инфографик)

Влатко Зорба