СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

БИТКОИН ТРЕБА ДА ВРЕДИ 400.000 ДОЛАРИ! Експертите тврдат дека потенцијалот за раст на криптовалутата е огромен

Бидејќи вредноста на биткоинот расте рекордно, Скот Мајндерд од „Гугенхајм Инвестментс“ верува дека вистинската вредност на најголемата криптовалута во светот има потенцијал да расте понатаму.

Недостатокот на биткоин во комбинација со неконтролирано печатење пари од Федералните резерви значи дека дигиталниот токен на крајот треба да се искачи на околу 400.000 американски долари, рече во едно интервју Мајндерд, генералниот директор за инвестиции на таа компанија.

Објавено е на истиот ден кога биткоинот за прв пат ја надмина вредноста од 20.000 долари, со што профитот се зголеми во 2020 година на 190 проценти.

„Според нашите проценки, вредноста на биткоинот треба да биде околу 400.000 американски долари“, рече Мајндерд.

– Се заснова на ограничен износ и релативна проценка како што е вредноста на златото како процент од БДП. Значи, Биткоин има многу атрибути на злато, и покрај тоа има дополнителна вредност во однос на трансакциите – додаде тој.

Ова е сличен аргумент на она што често го нудат оние што го поддржуваат биткоинот, вклучувајќи го и славниот инвеститор Пол Тудор Џонс, кој на почетокот на оваа година рече дека купува биткоин како заштита од, како што очекува, побрза инфлација. Слично на тоа, Мајк Новограц од „Галакси Дигитал“ рече дека дигиталното средство може да помогне да се заштити од макро ризици.

Гугенхајм е меѓу многуте институционални инвеститори кои нуркаат во крипто светот. Минатиот месец, фирмата поднесе барање да го задржи правото да инвестира дури 10 проценти од својот фонд за макро-можности од 5,3 милијарди долари во „Graiscale Bitcoin Trust“ фондот, кој инвестира исклучиво во биткоин.

Поврзани вести

Пуштена првата светска дигитална валута во светот

msp-admin

Германците најдоа решение за одржување на божиќни панаѓури (ВИДЕО)

msp-admin

Што може да се купи низ светот за еден долар?

msp-admin