СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Влада: Во тек е исплатата на еднократната финансиска помош 6.000 денари

Вчера и денеска на сметките на граѓаните се уплатени вкупно 1.51 милијарди денари, или 24,6 милиони евра, со кои се поддржуваат ранливите групи на граѓани. По комплетирањето на списоците на лицата и извршените административно-технички проверки, над 280 илјади граѓани на трансакциска сметка ќе добијат еднократната помош во висина од 6.000 денари. Со оваа мерка истовремено се поддржува целокупната домашна економија, преку стимулирање на личната потрошувачка, а граѓаните средствата може да ги користат во кој било период без рокови и ограничувања, соопштија од Влада.

Еднократната помош се однесува на граѓаните со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, со пресек на 27-ми септември, односно денот кога беше објавен четвртиот пакет на економски мерки.

-Средствата се уплатени на трансакциските сметки на граѓаните во комерцијалните банки, додека за оние граѓани кои немаат отворено трансакциска сметка досега, оваа услуга ќе им биде овозможена од банката во која е распореден соодветниот граѓанин, а за која може да добие информација со внесување на својот ЕМБГ на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk.

Информираме дека за многу мал дел од вкупниот број на граѓани, за самохран родител, филмски работници и естрадни уметници, списоците ќе бидат административно-технички потврдени и исплатени до крајот на оваа недела.

Дополнително, приговорите кои стигнуваа до Генералниот секретаријат на Владата активно се разгледуваат. За граѓаните чии приговори се прифатени, нивните податоците ќе бидат ажурирани и објавени на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk. Поддршката насочена кон најранливите групи на граѓани и покрај сите опструкции од опозицијата во Собранието и одолговлекувањето при носење на Законот за финансиска поддршка на ранливите групи на граѓани, навреме ќе стигне на сметките на граѓаните, соопштија од Влада.

Поврзани вести

Преку 3 милијарди евра инвестиции во енергетскиот сектор и зелената енергија

Над 17.000 луѓе останале без работа во Македонија од почетокот на пандемијата

Влатко Зорба

Народна банка: Плаќањето со платежни картички во трговијата е зголемено во услови на пандемија

Александар Петровски