СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Вкупните даночни приходи во 2020 година се реализирани во износ од 189,8 милијарди денари

„Минатата 2020 година ни покажа дека инклузивното креирање на политиките и водењето грижа за потребите на луѓето, носат стабилност и раст на економски план. И покрај сите предизвици со кои се соочивме, можам да кажам дека во 2020 година успеавме да го испорачаме тоа што им го ветивме на граѓаните.“, истакна Заев на денешната прес-конференција говореќи за економските резултати и мерките кои ги презела Владата за стабилизирање на економијата.

Тој ја нагласи реализацијата на даночните приходи, остварувањето на директните даноц, приходите од придонесите и расходите и направи споредба со реализираното во 2019 година.

„Вкупните даночни приходи во 2020 година се реализирани во износ од 189,8 милијарди денари, или 96,7% од планираните приходи. Директните даноци имаат остварување од 99,5% од планираното, или раст од 2,3% споредено со 2019 година и покрај тоа што во април, мај се правеа проценки за пад од 30, 40, 50% пад на вкупните приходи на државата. Позитивен тренд од јануари до декември бележиме и кај придонесите, кои на крајот од 2020 година изнесуваат 102%, односно 2% повеќе од планираното. Вкупните расходи од Буџетот во 2020 година се реализираа во износ од 243,7 милијарди денари, или 96,4% во однос на планираниот износ. Стоки и услуги се наламени на 85% од ребалансот, или 5% помалку од 2019 година што е доказ и аргумент на штедливото трошење на јавните пари. Позитивни бројки бележиме и кај јавните расходи. Тие минатат година изнесуваа 16,1 милијарда денари, или 82% од планираната реализација. 2020 година ја завршивме со буџетски дефицит од 53,9 милијарди денари, или 8,1 ж% од планираниот БДП. Во Буџетот тој номинално беше планиран на 8,5%.“, прецизира Заев.

Поврзани вести

Македонска берза се приклучи кон иницијативата „Ring the Bell for Gender Equality 2021”

Влатко Зорба

Прометот на берза неделава скокна за над 287 отсто

Stefanija Kuzmanovska

Заев: Ги решивме најголемите прашања, се тоа беше заради економијата

msp-admin