Откако бил отпуштен, работник во фабриката Мерцедес во Виторија на северот од Шпанија украл багер од градилиштето и луто уништил повеќе од 50 возила Вито и В-класа, кои се произведуваат во оваа шпанска фабрика.
Штетата се проценува на повеќе од два милиони евра.
Работникот бил уапсен и обвинет за повеќе кривични дела. Според локалните медиуми, среќна околност е што инцидентот се случил во време кога постројките не работеле, а околу фабриката биле само членови на службите за безбедност и одржување, па немало повредени или жртви.
Штетата можеше да биде и поголема, имајќи предвид дека, според сведокот, работникот со багер се обидел да влезе во производствената сала за да ја оштети скапата опрема, но не успеал во тоа.
Нејасно е што го поттикнало на овој чин, но планот веројатно е подготвуван долго време, имајќи предвид дека незадоволниот човек ја напуштил компанијата во 2017 година.
Точните мотиви на неговите постапки ќе бидат познати кога тој ќе се појави пред судијата.