СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Само во биткоини има 150.000 евра: Кој е НАЈБОГАТИОТ министер во Владата на Црна Гора?

Новите министри во Владата на Црна Гора за прв пат го пријавиле својот имот, а од евиденцијата на имотот може да се види дека најбогатиот е министерот за финансии, кој пријавил имот вреден близу 400.000 евра.

Младиот министер за финансии и социјална помош, Милојко Спајиќ, објави дека е сопственик на биткоин со пазарна вредност од 150.000 евра и дека на тековната сметка има 240.000 евра и 9.000 долари.

Во декември, по преземањето на функцијата, Спајиќ добива 1.291 евра плата, а има нешто помалку од 247.000 евра на три тековни сметки.

Тој исто така поседува 10 акции во глобалната банкарска групација „Голдман Сакс“, за кои и работел, а нема недвижен имот.

Спајиќ е роден пред 32 години во Пљевља. Студиите ги заврши на Економетријата на Универзитетот во Осака, како стипендист на јапонската влада, а како дел од размена, студираl и на најдобриот кинески технички универзитет во Цингуа.

Магистрирал, исто така како стипендист, во Франција во „ХЕЦ Париз“. После тоа, тој работел во САД на Волстрит, во Париз, во Токио, а од „Голдман Сакс“.

Покрај мајчиниот јазик, тој зборува и пет светски јазици.

Поврзани вести

Бившата на Безос e лидер меѓу филантропите

Влатко Зорба

Русин го купи најскапиот имот во Флорида за 140 милиони долари

Влатко Зорба

Ветување старо еден век: Зошто Белград нема метро скоро 100 години подоцна?

Влатко Зорба