СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

За 7 дена извршени 2.608 надзори и контроли, затворени 5 угостителски објекти

Во периодот од 4-ти до 10-ти јануари 2021 година, од страна на седумте инспекциски служби се спроведени вкупно 2.608 надзори и контроли, по основ на почитување на здравствените протоколи и материјалните закони во надлежност на инспекторатите. При тоа, се забележува дека и понатаму се намалува бројот на издадени решенија од страна на Државниот санитарен и здравствен нспекторат, за изолација на лица заболени од коронавирус и на лица кои биле во контакт со заболени лица.

Во последните седум дена Државниот пазарен инспекторат, изврши 1.789 контроли и 156 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна и по основ на материјалите закони. При тоа, ДПИ изрече 14 прекршочни пријави, 42 решенија за констатираните неправилности, како и 14 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, пет решенија се изречени за непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести. Решенијата се издадени на еден угостителски објект во Скопје, еден во Охрид и три објекта во Гостивар, поради непочитување на дозволеното работно време, при што објектите се затворени на лице место.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во периодот од 4-ти до 10-ти јануари, изврши 40 надзори. При тоа, ДСЗИ во посочениот период издаде вкупно 3.900 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД19 и лица кои биле во контакт со заболени лица од Ковид 19, што преставува намалување во однос на претходниот период.

Во посочениот период, Државниот инспекторат за труд, изврши 412 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава, со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки на сите работни места. При спроведените контроли, овој инспекторат изрече 4 решенија и еден платен налог. Решенијата се издадени за непочитување на материјалните закони, односно во делот на прекршувања за исплата на плати и регреси за годишен одмор. Платниот налог е издаден за непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Инспекторат за транспорт, во истиот период изврши 22 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се: 3 прекршочни пријави, едно решение и еден прекршочен платен налог. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања, односно непочитување на протоколите за превоз на патници.

Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во истиот период спроведе 9 надзори во аптеки и веледрогерии по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона, при што не се констатирани неправилности.

Државниот инспекторат за животна средина, во текот на минатата недела изврши вкупно 7 надзори, при што изречено е едно решение на правно лице за непочитување на Законот за води.

Во периодот од 4-ти до 10-ти јануари, Агенцијата за храна и ветеринарство, изврши 173 надзори, при што издадени се 3 решенија и спроведени се 15 едукации.

Инспекциските служби и во следниот период продолжуваат со интензивни контроли на терен во целата држава,со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштити здравјето на граѓаните.

Поврзани вести

Прогноза на СБ за Балканот: По раст од 4,4 отсто оваа, следи пад во 2022 година

Влатко Зорба

Три години ќе добиваат 1.200 евра месечно, а нема да работат ништо

Stefanija Kuzmanovska

Ангеловска: Мерката ослободување од плаќање аконтации за самостојни вршители на дејност продолжува и во јуни и јули