20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Си Џинпинг: Градењето модерна социјалистичка земја ќе обезбеди повеќе простор за американските компании

Кинескиот претседател Си Џинпинг одговори на писмото на поранешниот извршен директор на „Старбакс“, Хауард Шулц, во кое тој ја поддржува компанијата да продолжи да игра позитивна улога во кинеско-американската економска и трговска соработка, како и во развојот на билатералните односи, соопшти денеска кинеската медиумска група (ЦМГ).

Си во писмото подвлече дека, под водство на Комунистичката партија на Кина, 1,4 милијарди Кинези прават напори да изградат умерено просперитетно општество и да изградат модерна социјалистичка земја.

Процесот на сеопфатно градење на модерна социјалистичка земја ќе обезбеди повеќе простор за американските компании, вклучително и „Старбакс“, како и компании од целиот свет.

Претседателот изрази надеж дека „Старбакс“ ќе продолжи да игра позитивна улога во кинеско-американската економска и трговска соработка и во развојот на билатералните односи.

ЦМГ потсетува дека Шулц претходно испратил писмо до претседателот Си со кое честитал на Кина за завршувањето на сеопфатната изградба на умерено просперитетно општество под негово раководство, изразувајќи, исто така, почит кон кинескиот народ и кинеската култура.

Поврзани вести

Смедеревка и Розе отсега и во полулитарска амбалажа

msp-admin

КОВИД И ПОНАТАМУ ГИ ЗАГРИЖУВА ИНВЕСТИТОРИТЕ: Цените на акциите на светските берзи паднаа

Влатко Зорба

Toyota ги надмина конкурентите и ги зголеми изгледите за профит во 2021 година

Влатко Зорба