СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Гејтс пропагира екологија, а ги купува најголемите загадувачи

Американскиот милијардер и филантроп Бил Гејтс со години ги следи еколошките трендови и предупредува на катастрофалните последици од климатските промени.

Тој е една од најгласните јавни личности за климатските промени, а неговата книга посветена на темата со наслов: „Како да се избегне климатска катастрофа: решенијата што ги имаме и откритијата што ни се потребни“, треба да биде објавена следниот месец.

Книгата ќе содржи анализа на чекорите потребни за да се спречи тотална катастрофа.

Дотолку повеќе што неговиот последен потег привлече големо внимание во јавноста, нарекувајќи го лицемер, бидејќи неговиот фонд за управување со лични средства „Cascade Investment“, кој управува и со голем дел од неговото богатство од 134 милијарди долари, се здружи со британскиот инвестициски фонд „Blackstone“ за преземање на „Signature Aviation“.

Се работи за најголемиот оператор на приватни авиони во светот, кој врши околу 1,6 милиони приватни летови годишно. Според последните бројки, секој лет со приватен авион емитува 40 пати повеќе емисии отколку обичен комерцијален лет.

Инвестицискиот фонд на Гејтс веќе поседува 19 проценти од „Signature“.

Сепак, и покрај спојувањето, компанијата „Signature Aviation“ отиде во рацете на инвестициската компанија GIP (Global Infrastructure Partners) за 4,6 милијарди долари.

Во текот на последните неколку години, Бил Гејтс постојано беше рангиран меѓу најголемите загадувачи во светот, со оглед на многуте приватни патувања со авион, кои понекогаш изнесуваат повеќе од 321.869 км годишно. Во просек, околу 1.600 тони јаглерод диоксид се ослободуваат во воздухот од оваа количина летање.

Уште во 2014 година, Гејтс ја бранеше неговата употреба на приватниот авион, нарекувајќи го нужно зло затоа што му дозволуваше да стигне до местата на кои инаку немаше пристап, за неговата добротворна работа.

Поврзани вести

9 изјави што вашиот шеф никогаш не треба да ги изговори

msp-admin

Во услови на корона, здравите работници работат и за болните

msp-admin

Сагата со „Gamestop“ продолжува: Акциите повторно се зголемија – за над 100 проценти

Влатко Зорба