СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Македонија е 63-та во светот по извоз на видео игри

Македонија е 63-та земја во светот според извоз на видео игри, чија вредност во 2019 година достигна 54.000 долари или 14,3% помалку одошто во 2018 година.

На глобално ниво, извозот на видео игри во 2019 година достигна 20,8 милијарди долари, што е за 15,6% помалку во споредба со 2018 година.

На прво место се најде Кина со 9,1 милијарда долари, што 43,9% од вкупниот извоз на видео игри во светот. Меѓу петте најголеми извозници во 2019 година беа и: Јапонија (2,12 милијарди долари), Холандија (2,1 милијарда долари), Германија (1,3 милијарди долари) и Хонгконг (1,23 милијарди долари).

Од земјите во регионот, најголем извоз на видео игри регистрираше Бугарија со 21,5 милиони долари. Потоа следат: Грција (12 милиони долари), Хрватска (11,4 милиони долари), Словенија (7,6 милиони долари) и Србија (782.000 долари).

Поврзани вести

Цените на горивата остануваат непроменети

Берта Китинска

Бектеши: Ги повикувам граѓаните разумно да купуват, а маркетите да направат планови

Спасовски најави домашна платежна картичка од 9.000 денари за стечајците, пензионерите, невработените