СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Ергодан ги повика Турците да инвестираат во земјата

По падот на турската лира, претседателот Реџеп Таип Ердоган ги повика своите сонародници да ги вложат своите акумулирани девизни резерви или златни резерви за да ја зајакнат економијата. Неговиот повик е насочен кон граѓаните „кои чуваат девизи и злато дома само за да се чувствуваат безбедно“.

„Би сакал овие сограѓани да ги инвестираат девизите и златото, кои се наши национални средства, во разни финансиски ресурси и со тоа да ги инвестираат во бизнис и производство“, рече Ергоган на партискиот конгрес на неговата исламско-конзервативна владејачка партија на Правда и развој (АКП) во средата во Анкара.

Тој исто така ги повика инвеститорите да и веруваат на Турција.

Илјадници членови на партијата на претседателот се собраа на конгресот во средата, дури и откако Министерството за здравство пријави значителен скок во случаите на коронавирус.

„Јас ви честитам од дното на моето срце бидејќи снежните врнежи ги чистат сите микроби“, им рече Ердоган на насобраните во говорот на отворено, пред да влезе во преполната сала. Денеска се очекува да ги преструктуира партиските редови пред можно преструктуирање на кабинетот, пренесе Блумберг.

Министерството за здравство на земјата во вторникот објави повеќе од 26.000 нови случаи и 138 смртни случаи, што е највисок број на жртви во последните два месеци. Бројот на случаи се зголеми откако владата ги намали блокадите на почетокот на март и сега се на највисоко ниво од 18 декември.

Турската национална валута, лирата и девизниот курс во Истанбул пропаднаа претходно оваа недела. Причината беше разрешувањето на шефот на централната банка Наџи Агбал за време на викендот. Валутата изгуби вредност и до 15% во однос на американскиот долар на моменти, а берзанскиот индекс Bist 100 загуби скоро 10%.

За време на својот краток мандат, Агбал ја врати довербата во нестабилната монетарна политика на Турција. Со зголемувањето на каматните стапки, тој ја стабилизира лирата, која претходно драстично падна, иако претседателот Ердоган е против високите камати. Второто веројатно доведе до отпуштање на Агбал. Новиот шеф на централната банка, Шахап Кавчуглу, е поранешен пратеник на АКП и четврти гувернер во последните две години.

Поврзани вести

Деловната активност во еврозоната на двомесечен минимум

Влатко Зорба

33 милиони долари годишно: Ова е најплатениот американски банкар

Влатко Зорба

Со кои акции најмногу се тргуваше неделава?

msp-admin