СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Георгиева сака дополнителни 650 милијарди долари за борба против пандемијата

Извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) рече дека ќе предложи дистрибуција на нови права на ММФ за специјални повлекувања (СДР) еквивалентни на 650 милијарди долари за борба на земјите против пандемијата до крајот на јуни.

Новата распределба на специјалните права за влечење (СДР) на земјите-членки на ММФ, од кои многу се тешко погодени од пандемијата „Ковид-19“, ќе обезбеди силна поддршка за ликвидност без зголемување на товарот на нивниот долг, забележа Кристалина Георгиева.

Ова ќе ослободи финансии за борба против пандемијата, поддршка на програмите за вакцинација и други итни мерки, се вели во изјавата на Георгиева, која ќе го претстави предлогот пред извршниот комитет на ММФ.

Членовите на одборот на ММФ на состанокот во вторникот им дадоа „широка поддршка“ на експертите на ММФ да подготват нова распределба на СДР во вредност од 650 милијарди долари за да се исполни глобалната долгорочна потреба од резервни средства, рече таа.

„Новата распределба на СДР ќе им помогне на сите наши земји-членки и ќе го поддржи глобалното закрепнување од корона-кризата“, нагласи Георгиева.

„Ова ќе испрати силен сигнал до ММФ за решителноста на членството да стори сé што е можно за надминување на најтешката криза од Големата депресија“, додаде таа.

Новата алокација на СДР ќе биде прва по онаа од 250 милијарди долари, одобрена во 2009 година, за време на светската финансиска криза.

ММФ ќе развие нови мерки за зголемување на транспарентноста и отчетноста при употребата на СДР и ќе истражува опции за прераспределба на СДР на богатите земји за поддршка на ранливите земји со ниски приходи, рече шефот на ММФ.

Доколку добие зелено светло, дополнителни резерви, кои земјите-членки би можеле да ги претворат во конвертибилни валути или да ги споделат со земјите на кои им е потребна, треба да бидат достапни во втората половина на годината.

Новата проценка на ММФ за потребите на глобалните резерви, спроведена на секои пет години, покажува јасна потреба за дополнителни СДР, бидејќи земјите се борат да се справат со пандемијата на коронавирус, велат информирани извори.

Детали за новата проценка не беа веднаш достапни.

Георгиева започна да се залага за поделба на нови СДР пред една година, но предлогот наиде на силен отпор од САД, најголемиот акционер во ММФ, потсетува Ројтерс.

Во последниве недели, најразвиените економии во светот, Г7 и пошироката група од 20-те најразвиени и најголеми економии во развој (Г-20) ја поддржаа новата алокација откако американскиот министер за финансии Џенет Јелен најави поддршка, под одредени услови

Јелен повика на поголема транспарентност во користењето на СДР и тргувањето со „валутата“ на ММФ, додаде Ројтерс.

Поврзани вести

ЕСМ ќе инвестира три милиони евра во хидроелектраната „Вруток“

msp-admin

Deutsche Bank: VW ќе ја престигне Tesla следната година

Влатко Зорба

Инвестиции од 2 милијарди евра: Шпанија гради прва гига фабрика за батерии за електрични автомобили

Влатко Зорба