СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Компании исплаќале 2 денари по однос на плата: „Гласен текстилец“ со реакција до УЈП

Детектирани се повеќе компании кадешто има манипулации со платите на работниците, посочи претседателката на здружението „Гласен текстилец“, Кристина Ампева.

Ампева додава и дека здружението соработува одлично со Државниот инспекторат за труд, но потенцира и дека не воспоставиле комуникација, односно не успеале да воспостават со УЈП која е задолжена институција да реагира, доколку е забележано дека нема исплата на минимална плата.

„УЈП, согласно закон е должна да реагира ако нема исплата на минимална плата, односно да го извести Државниот инспекторат за труд да ги испита причините за тоа. Според наши сознанија, барем за фирмите од текстилната индустрија, таква реакција нема. А, чевларска фабрика од Штип за септември им исплатила на сите работници плата од 2 денари, две текстилни фабрики од Штип со околу 100 работници, место плата, на работнците им исплатуваат аванси, кога 2.000 денари, кога 5.000 денари… Така, во сред здравствена криза, овие работници се оставени без здравствено осигурување“, истакна Ампева.

Поврзани вести

По 20 дена, граѓаните ќе добијат обесштетување од Еуростандард банка во вредност до 30 илјади евра

Берта Китинска

Инспекциските служби спровеле 11.358 надзори за спроведување на владините мерки

Андреева: Потребно е системско поместување на роковите за финансиски извештаи по примерот на европските земји

Влатко Зорба