СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Големите инвеститори се заинтересирани само за Биткоин

Крипто-релито е во полн ек, но најголемите инвеститори кои гледаат на пазарот се заинтересирани само за Биткоин, според еден извршен директор на индустријата.

Во најновата епизода на „The Scoop“, извршниот директор на NYDIG, Роберт Гутман, рече дека повеќето сериозни инвеститори со кои разговарал биле заинтересирани само за најголемата криптовалута според пазарната капитализација.

„100 од 100 неодамнешни разговори што сум ги водел со инвеститори кои сериозно размислуваат за алоцирање, да речеме, над 50 милиони долари, 100% од тие разговори биле за Биткоин и 0% од нив биле за кои било други крипто-средства“.

Според Гутман, интересот за Биткоин е врзан за макро-позадината од претходната година, кога глобалните централни банки усвоија агресивен пристап на монетарната политика за справување со кризата предизвикана од Ковид-19. Ова откри некои уникатни карактеристики на Биткоин како алтернативно резервно средство за компаниите.

„Идејата за пари со отворен код е навистина моќна идеја и решава, според наше мислење, голем општествен предизвик“, рече тој.

NYDIG нуди услуги за чување и трговија на голем број финансиски компании, вклучувајќи го и осигурителниот гигант Mass Mutual.

Всушност, перспективата на Гутман ја повторува и инвеститорот во Биткоин, Дан Морехед, кој рече дека релито е многу повеќе фокусирано на Биткоин и Етереум.

„Имаше масовно поместување од силно шпекулативни, претежно нефункционални токени, кои имаат приближно половина од вкупната пазарна капитализација во 2017 година – до денес, кога пазарната капитализација е главно во двата докажани, функционални ланци: Биткоин и Етереум“, напиша Морехед.

„Овие два синџири имаат 86% од вкупниот број. Останатите 5.000 ланци имаат 14%“.

Поврзани вести

9 алткоини со огромен потенцијал според крипто-кит

Влатко Зорба

Биткоинот го „турка“ јуанот во дигиталниот свет

Влатко Зорба

Стратезите на „ЏејПи Морган“ загрижени за биткоинот

Влатко Зорба