СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Државата со 31.000.000 денари поддршка за промоција на туристичката понуда

Поддршката на домашниот туризам и ваучерите „Дома си е дома“ дадоа одлични резултати за домашните туристички капацитети, пишува на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев, кој презентираше статистички податоци за раст на ноќевањата во домашните туристички центри.

Податоците за Маврово – Ростуше (Националниот парк Маврово) за првите 10 месеци од 2020 година, и покрај затворањето во април, мај и дел од јуни кога не работеа сместувачките капацитети, покажуваат дека се остварени 22.453 ноќевања од страна на 11.098 туристи, а за истиот период во 2019 година имало 20.563 ноќевања и 10.394 туристи во сместувачките капацитети. Ова е раст од 6% за домашните туристи и од 9% за ноќевања, во споредба со 2019 година.

Во Берово, има покачување од 29% на домашните туристи, додека бројот на ноќевања е зголемен за 37% во однос на истиот период 2019 година.

„Отворањето на новата линија Киев – Скопје овозможи поголем број на украински туристи во нашите зимски центри кои се полни до крајот на месецот благодарение и на зелените коридори кои Северна Македонија ги воспостави со соседните Србија и Албанија. Ова покажува дека имаме потенцијал за развој на еко-туризмот и руралниот туризам“, посочува Заев.

Во 2021 продолжува, според него, интензивната поддршка преку Програмата за развој на туризмот во Северна Македонија, откако се предвидени 31.000.000 денари за повеќе мерки за промоција на туристичката понуда на државата.

Поврзани вести

Кун Давидс: „Во Северна Македонија е потребна обука за поголема продуктивност“

Никола Поповски

Станови, парцели…Банките продаваат имот на граѓаните што бил одземен поради ненавремено плаќање долгови

НУК: Унифицирани препораки и протоколи за работа во услови на пандемија „да“, ограничување на работното време „не“

Влатко Зорба