СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Grayscale купи Биткоини за 590 милиони долари за еден ден

Најголемиот менаџер со дигитални средства, Grayscale Investments поставија рекорд за најголемото единечно купување на Биткоин направено за еден ден, откако компанијата вчера додаде 16.244 БТК.

Grayscale Bitcoin Trust (GBTC) само што порасна многу повеќе, откако компанијата купи во неодамнешниот пад, за да акумулира повеќе Биткоин.

Според Bybt, вчера од Grayscale Investments се купени 16.244 БТК во вредност од 590 милиони долари. Оваа набавка претставува 18 пати повеќе од БТК, што се „копаат“ дневно.

Претходно, беше објавено дека Grayscale додале повеќе од 4.700 БТК на 12 и 14 јануари. Вкупните средства под управување на компанијата (AUM) сега достигнуваат нешто над 27 милијарди долари.

Иако нејзината најголема инвестиција е во Биткоин, гигантот направи значителни инвестиции во Етереум, Лајткоин и други алткоини.

Grayscale сега има околу 3,62 милијарди долари средства под управување во Етереум, додека Лајткоините вредат 174,72 милиони долари.

Други инвестиции вклучуваат Биткоин Кеш (123,99 милиони американски долари), Етереум Класик (93,27 милиони долари), Зкеш (22,16 милиони долари), Зен (15,79 милиони долари) и Стела Луменс (8,28 милиони американски долари).

XRP од 19,2 милиони американски долари беше отстранет од крипто-фондот на 31 декември, поради тужба на Комисијата за хартии од вредност (SEC) против Ripple Labs и нејзините директори.

Според JPMorgan пак, Grayscale Investments може да го држат клучот за враќање на Bitcoin на ниво од 40.000 долари.

За да се врати цената над 40.000 долари, протокот на фондот мора да се одржи со сегашната стапка од 100 милиони долари на ден во следните неколку недели.

Поврзани вести

Етереум достигна рекордна вредност

Влатко Зорба

Биткоинот се држи близу 52.000 долари, но има еден голем проблем

Влатко Зорба

Турција забранува употреба на криптовалути од 30 април

Влатко Зорба