СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Тесла ќе произведува нов тип на батерии во Берлин

Американскиот производител на електрични автомобили, Тесла ќе гради фабрика за батерии за автомобили во околината на Берлин, во која планира да воведе нова, иновативна технологија на производство, според упатени извори.

Фабриката ќе произведе нов вид помала ќелија, шест пати поголема енергија на батеријата, што ќе зазема помалку простор и ќе троши помалку, велат изворите.

Бидејќи ќе биде помоќна, за секој автомобил ќе бидат потребни помалку ќелии, објаснуваат тие, додавајќи дека растојанието помеѓу двете полнења ќе се зголеми за 16 проценти.

Фабриката за батерии ќе биде составен дел од планираната гигафабрика на Тесла на периферијата на Берлин.

Компанијата ќе почне со инсталирање на нови ќелии на батерии во Моделот 3, а во следната фаза, новата технологија ќе се користи и во други модели, вклучително и камиони.

Датумот на почеток на изградбата на фабриката за батерии сè уште не е утврден, додека работите на фабриката за автомобили на истата локација веќе се во полн ек.

Тесла еднаш најави дека фабриката ќе започне со работа во јули и ќе произведува до 500.000 илјади автомобили годишно, со ангажман на 12.000 работници.

Компанијата, исто така, бара повеќе од илјада работници за производство на батерии, иако сè уште не е познато кога ќе добие дозвола за отворање, забележува ДПА.

Поврзани вести

„Епл“ сака вработените да се вратат во канцелариите до септември

Stefanija Kuzmanovska

Првоаприлска шега: Volkswagen сепак нема да биде VoltsWagen

Влатко Зорба

Пивара Скопје доби нова А-интегрирана еколошка дозвола

msp-admin