Исклучително нецелосната, но често раскажана приказна за потеклото на социјалната игра „Монопол“, вели дека Чарлс Даров, невработен продавач, ја развил играта на својата кујнска маса и ја однел во компанијата „Parker Brothers“, во 1934 година. Играта првично беше одбиена.
Даров не се откажал, па создал рачно изработена верзија на Монопол, на крајот инвестирајќи ги приходите од овој вид „занаетчиска игра“ во 5.000 професионално печатени парчиња, кои успешно ги продаде преку стоковна куќа во Филаделфија.
Мотивирани од малопродажниот успех на Даров, „Parker Brothers“ го вработија во 1935 година и преговараа за договор за лиценцирање. Играта брзо се распродаде, 5.000 пакети неделно, и стана најуспешната социјална игра на сите времиња.
Со децении, Даров се сметаше за творец на играта, иако „Монопол“, всушност, го измислила една жена, г-ѓа Елизабет Џеј Меги. Иронично, зад најпопуларната социјална игра во светот не стои постојан трговец и претприемач, туку феминистка која се борела против монополот.
Меги се борела против нееднаквоста во општеството, сакала социјална правда, започнала и неколку кампањи поради тоа, пишувала поезија. На пример, со цел да укаже на неправдата нанесена врз жените и малцинствата, таа објавила оглас во еден локален весник, опишувајќи се себеси како „млада жена, американски роб“.
За контроверзниот оглас се дискутирало нашироко и придонело за нејзиното растечко реноме како отворен бранител на граѓанските права.
На г-ѓа Меги особено влијаеле Хенри Џорџ, чија книга од 1879 година, „Напредок и сиромаштија“, тврди дека работниците треба да го поседуваат она што го произведуваат, но дека природните ресурси и економските ренти добиени од земјата – треба да бидат сопственост на општеството како целина.
Борба против земјопоседници
Во раните 1900-ти, мотивирана од ова верување, Меги ја создаде „The Landlord’s Game“ и поднесе барање за патент во 1903 година. Намерата на играта беше да се демонстрира злото на концентрираната сопственост на земјиштето. Таа се надевала дека играчите ќе бидат против идејата што ја пропагира играта, а тоа е дека победува само еден, додека другите банкротираат.
Играта ја играле истомисленици социјалисти, и на крајот, во 1910 година, се пробила до Скот Ниринг, професор на Вартон школата и колеџот Свартмор. Играта станала популарна и кај неговите студенти, кои ја играле со пријателите.
На крајот, „The Landlord’s Game“ стигна до Харвард, а потоа и до Средниот Запад, за да се врати во областа Филаделфија во раните 1930-ти. Документарниот филм „Under the Boardwalk: The MONOPOLY Story“ од 2011 година е за оние кои сакаат да дознаат повеќе за „Монопол“.
Придонесот на Елизабета – во согледувањето на реалната слика за претприемништво – остана некаде изгубен во историјата и веројатно ќе останеше така да не беше детективската работа на професорот Ралф Анспах. Тој ја издаде играта „Anti-Monopoly“ во 1973 година, која на крајот го привлече вниманието на „Parker Brothers“. Компанијата се погрижи да ја отстрани од пазарот, поради законски мерки.
Монополот е продаден повеќе од 250 милиони пати
Поради тоа, Анспах ги тужеше цела деценија. Тој на крајот постигна договор со браќата Паркер и играта е достапна до денес. Собирајќи истражување за нејзината правна одбрана, Анспах откри дека г-ѓа Меги не само што ја измислила оригиналната верзија на „Монопол“, туку и добила патент за „The Landlord’s Game“ во 1904 година.
Тој понатаму го откри фактот дека в и платиле на Елизабет Меги 500 долари (не е јасно кога ја добила оваа исплата, но под претпоставка дека била 1936 година, тоа би било еквивалентно на 9.300 американски долари денес).
Тие, исто така, се согласиле да купат две дополнителни игри создадени од Меги. Се споменува уште еден „претходник“ на „Монопол“, а тоа е „The Fascinating Game of Finance“; компанијата наводно платила дури 10.000 долари на нејзиниот сопственик во 1935 година. Тоа би било исплата од 190.000 денес.
Останува енигма зошто постои таков јаз во исплатите, кога дури и играта „The Fascinating Game of Finance“ беше помалку слична на „Монопол“ отколку „The Landlord’s Game“. Сè на сè, во случајот со „Монопол“, Лизи ја смисли играта, но таа беше „подигната“ од бројни социјалисти, претприемачи и љубители на игри.
Фактот дека играта помина повеќе од триесет години валидација и подобрување на пазарот е клучен фактор што придонесува за нејзин постојан успех и универзална привлечност во многу, разновидни култури.
Се проценува дека се продадени повеќе од 250 милиони игри „Монопол“, и дека милијарди луѓе ја играле таа игра. Наместо да гопоттикне усвојувањето на анти-земјопоседничките политики на господинот Џорџ, играта на г-ѓа Меги стана камен-темелник во образованието на седум генерации претприемачи.