СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Иновативни проекти кои ќе помогнат да се спаси планетата

Важноста на одржливите решенија се најде во центарот на вниманието во 2020 година, кога целиот свет се соочи со ризиците од климатските промени и пандемијата на коронавирусот.
Дигиталната платформа за собирање средства UpLink е создадена за да се решат ваквите предизвици и да се забрзаат целите на одржливиот развој на ООН.

Откриена минатата година на Светскиот економски форум, платформата на површина изнесе голем број на претприемачки решенија кои се добар чекор кон таа цел.

Еве неколку од најиновативните:

Cubex Global

Компанијата има за цел да ги намали емисиите при транспорт на стоки овозможувајќи им на компаниите лесно да продаваат и купуваат неискористен простор за контејнери на постојните рути. Тие веруваат дека на овој начин би можеле да го намалат загадувањето создадено од бродовите за 20 проценти.

„RecyGlo“

Оваа услуга за управување со отпад работи со компании од Мјанмар и Малезија за обработка и рециклирање материјали на безбеден и безопасен начин и за да се избегне пластичен отпад да се фрла во реки и океани. Оваа компанија управува со 50 тони отпад месечно и со тоа заштедува 1.479 тони јаглерод диоксид за истиот период.

„Oceanium“

Овој шкотски стартап користи одржливо растени алги за да создаде храна во биопакувањата. Тие веруваат дека ваквото одржливо производство може да помогне во намалувањето на климатските промени.

„Intelehealth“

Создадена на Универзитетот Џонс Хопкинс, се работи за телемедицинска платформа што ги поврзува пациентите и здравствените работници со лекарите кои работат од далечина за да обезбедат примарна здравствена заштита во далечни земји како Индија.

„Flare“

Сервисот за итни случаи обезбедува итна помош за оние кои немаат пристап до помош во кризни ситуации.

„Carbon Health“

Оваа платформа има за цел да го подобри пристапот до светска здравствена заштита. Во САД, тие воспоставија 30 тековни ковид клиники во 30 градови, со лекари достапни преку видео повик и досега тестирале повеќе од 500.000 луѓе.

„Desolenator“

Компанијата дизајнираше систем за прочистување на водата со соларен погон што им овозможува на оддалечените заедници да произведуваат чиста вода за пиење без потреба од употреба на филтри.

„Borneo Nature Foundation“

Повеќе од еден век, оваа компанија развива методи за садење растенија со цел да се пошумат дождовни шуми чии палми се повеќе се користат за производство на разни видови храна, да помогне во зачувувањето на производството на кислород, но и да се спасат орангутаните кои живеат во нив.

„Reforestum and Ecosphere“

Оваа шпанска компанија им овозможува на поединци и компании да финансираат обновување и зачувување на шумите.

Поврзани вести

Бизнис туризам: Кога да очекуваме закрепнување и кој е клучниот фактор?

Влатко Зорба

Најмладите со „Ретка песна“ за поддршка на РЕТКИТЕ

Влатко Зорба

Џоли продаде слика на Черчил за рекордни 9,7 милиони долари

Влатко Зорба