СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бочварски: За пругата од Куманово до Бугарија треба да се изградат над 90 мостови и 32 тунели

Коридорот 8 е еден од клучните коридори и на ЕУ, и токму при посетата еврокомесарот Вархеји еден од клучните фактори кои ги наведе беше транспортната инфраструктура и поврзувањето на регионот. Нашите напори се да ги добиеме и реализираме средствата за вистинските цели, бидејќи тоа значи обрт во економијата, дополнителен развој, поголема безбедност за нашите граѓани, вели Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во гостувањето во емисијата Утрински брифинг на Слободна ТВ.

-Секој проект има свои карактеристики димензионирани согласно потребите на државите и теренот. Јас кога говорам за товарниот транспорт сметам дека треба да се стави акцентот на бизнис секторот, со тоа помогаме на домашните компании и ги заштитуваме нашите македонски патишта. Според мене таа пруга е димензионирана со капацитети и димензии потрбни за нашите превози и транспорт кој што го очекуваме. Се работи за доста тежок терен и гледајќи го проектот колку е обемен и захтевен за пругата од Куманово до Бугарија, треба да се изградат над 90 мостови и 32 тунели, изјави Бочварски.

Поврзани вести

Просечната нето плата изнесувала 28.294 денари во декември 2020 година

Влатко Зорба

Ребалансот на Буџетот пред финално усвојување

Влатко Зорба

КАРГОМАКС доби тендер од над 3,2 милиони евра за набавка возила за ЈП Комунална хигиена Скопје

Влатко Зорба