СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Економско-социјалниот совет дискутираше за концептот на петтиот пакет економски мерки

Економско-социјалниот совет на денешната седница, со која претседаваше министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, а учествуваа вицепремиерот Фатмир Битиќи и претставници на социјалните партнери, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и Организацијата на работодавачи беше разгледан концептот на петиот пакет економски мерки како помош и поддршка на стопанството и граѓаните.

На денешната седница на Економско-социјалниот совет, преку широка дискусија неговите членови имаа можност да дадат предлози, сугестии и мислења, кои би се разгледале од страна на Владата со цел поефективна распределба на помошта од државата кон оние на кои им е најпотребна.

Петтиот пакет економски мерки е насочен кон граѓаните, кон работниците односно стопанството и кон сиромашните. Угостителството, транспортот, туризмот, тутунарите, медиумите се во фокусот на петиот пакет мерки, како директно најпогодени гранки, на кои помошта им е неопходна.

Целта е да се креира пакет мерки кои што ќе дадат најдобри резултати во насока на заздравување на економијата со цел полесно пребродување на периодот на криза, соопштија од Владата.

Поврзани вести

Бектеши: Кон државата има огромни парични побарувања од инвеститорите за арбитражните постапки

Никола Поповски

МБУ и Халк Осигурување потпишаа Протокол за соработка кој на студентите им обезбедува стажирање, обука и можност за кариера

Влатко Зорба

Бектеши: Петтиот пакет мерки ќе има развојна компонента и нема да биде како претходните

Влатко Зорба