СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Дизајниран е петтиот пакет мерки, остануваат ситни работи да се додефинираат

Министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното издание на ClickPlus изјави дека петтиот пакет мерки е речиси готов и посочи кој ќе добие помош.

„После сериозни консултации со сите инволвирани страни, дизајниран е петтиот пакет мерки. Остануваат ситни работи да се додефинираат. Со овој пакет повторно директно помагаме на бизнисот и граѓаните. Со овој пакет ќе помогнеме на медиумите со тоа што ќе бидат ослободени од плаќање на лиценца, ќе помогнеме на компаниите, овој пат ќе видиме, има две опции или повторно исплата за плати или ќе има бескаматни кредити, ќе помогнеме и на тутунарите, и на спортските клубови и на сите кои што имаа криза за време на ковид“, кажа Бектеши.

Тој најави дека во петтиот пакет мерки ќе биде и продолжувањето на грејс периодот за отплата на долговите.

„Што се однесува до кредитите, такви беа дадени преку Развојната банка и не само што каматната стапка беше 0, туку се даде и грејс период од 12 месеци за почеток на отплата на долгот. Продолжувањето на грејс периодот ќе биде дел од петтиот пакет мерки“, вели министерот.

Поврзани вести

Малите бизниси ќе може да аплицираат за новата линија на бескаматни кредити

Берта Китинска

Порнхаб избриша речиси 80% од видеата од својот сајт

Никола Поповски

Mакедонските граѓани трошат над 10 милијарди денари на домашни производи за една година