Откако Шпанија објави дека ќе тестира четиридневна работна недела како одговор на пандемијата на коронавирус, експертите велат дека ова може да биде показател за потрајна промена на ставовите кон рамнотежата помеѓу работата и личниот живот.
Минатата недела, шпанската влада донесе одлука за пилот проект за 32-часовна работна недела во текот на три години, без намалување на платата на вработените, со обезбедување 50 милиони евра на компаниите кои сакаат да се приклучат на проектот.
Иниго Ерехон, кој е на чело на малата левичарска партија Шпанија, „Мас Паис“, која е во срцето на планот, напиша на Твитер дека финансирањето „треба да служи за пренасочување на економијата кон подобрување на здравјето, грижата за животната средина и зголемување на продуктивноста“.
Џо Рајл, кој е дел од британската Кампања за 4-дневна работна недела, за Си-Ен-Би-Си изјави дека концептот „добива популарност и замав од почетокот на пандемијата КОВИД-19“.
Според него, ненадејната промена, во која многумина се преселија на работа од дома, „ги отвори очите на луѓето кон фактот дека може да има промени, и тоа брзо, кога ќе посакаме“.
„Бидејќи поминуваат повеќе време дома, вработените имаат повеќе време да ги „реализираат важните работи во нивните животи“, вели Рајл.
Кампањата за 4-дневна работна недела во ноември упати отворено писмо на голем број светски лидери, вклучувајќи го и шпанскиот премиер Педро Санчез, охрабрувајќи ги да размислат за воведување на пократка работна недела како одговор на пандемијата. Во писмото се опишува како се користеле пократки работни часови во време на економска криза за распределување на работата порамномерно меѓу невработените и оние кои работат повеќе часови отколку што би сакале.
Јапонија и „кароши“
Јапонија, исто така, може да размисли да се пресели во четиридневна работна недела откако предлогот неодамна беше доставен до парламентот на земјата од Кунико Иногучи, член на владејачката Либерално-демократска партија. Сепак, според овој предлог, вработените може да добијат помал надомест за дополнителниот слободен ден.
Не е јасно дали предлогот е мотивиран од пандемијата, но Јапонија одамна има репутација на земја, во која се работи долги часови. Во Јапонија има дури и термин за смрт од преработување – „кароши“.
Иако ситуацијата не е сериозна како во некои други земји, ова чувство на преоптовареност и исцрпеност дефинитивно се засили за време на пандемијата. Голем број студии покажуваат дека луѓето ширум светот работеле подолго од вообичаеното во последната година, кога работеле од дома.
Според извештајот на Кампањата за 4-дневна работна недела, Британците кои работеле од дома за време на пандемијата работеле дополнително во просек 28 часа прекувремена работа месечно.
Според Рајл, работното време во Велика Британија е едно од најдолгите во Европа.
„Имаме една од најмалку продуктивните економии и имаме најмалку официјални неработни денови“, рече Рајл, кој претходно беше дел од Лабуристичката партија кога предложи четиридневна работна недела пред последните избори.
Да го преиспитаме начинот на работа
Иако се чини дека сè уште не е на дневниот ред на британската влада пократката работна недела, некои шкотски пратеници ја поддржуваат идејата доколку земјата се отцепи од Велика Британија.
„Пандемијата на коронавирус го смени начинот на живеење, но исто така ни даде начин да размислиме како работиме“, рече во ноември Ли Роб, член на владејачката партија во земјата.
Британскиот тинк-тенк Autonomy објави податоци во декември кои покажуваат дека само во шкотскиот јавен сектор, четиридневната работна недела би чинела од 1,4 милијарди фунти (1,9 милијарди американски долари) до 2 милијарди фунти годишно, но може да генерира помеѓу 45 и 59 илјади нови работни места во секторот.
Подоцна истиот месец, Autonomy објави поопшто истражување за Обединетото Кралство, користејќи податоци за профитабилноста на повеќе од 50.000 британски компании. Според нив, во најлошо сценарио, повеќето британски компании можат да си дозволат четиридневна работна недела без вработените да изгубат дел од платата откако ќе помине почетната фаза на кризата со коронавирус.
Премиерката на Нов Зеланд, Јасинда Ардерн, исто така ги охрабри работодавците кои можат да си дозволат да одвојат пократка работна недела, да го сторат тоа како еден од начините за обнова на туристичкиот сектор во земјата по пандемијата.
Финската премиерка Сана Марин исто така заговара четиридневна работна недела и шестчасовен работен ден.
Криза на невработеност
Покрај потенцијалната достапност на пократка работна недела, се верува дека ги прави вработените попродуктивни. Пример за ова е Microsoft Јапонија, кој во петокот затвори канцеларии за еден месец за своите 2.300 вработени и објави скок од 40% во продуктивноста по показател продажби на вработен.
Кеј Заупер, професор по филозофија на Универзитетот во Лондон Мет, изјави за Си-Ен-Би-Си дека дискусијата за пократко работно време веројатно ќе продолжи да зема замав бидејќи поголемиот дел од работата е автоматизирана поради технологијата.
Според неа, се соочуваме со „криза на невработеност“ поради пошироката употреба на автоматизирани системи на работното место. Сепак, вели, наместо „да се жалиме на загубата на работа, треба да гледаме на тоа како на можност да го преиспитаме целиот наш концепт за просперитет“ и „да се оддалечиме од вкоренето разбирање на идентитетот“.
Во својата последна книга, Заупер ги цитира економистот Џон Мејнард Кејнс од 1930 година предвидувајќи дека до 2030 година, луѓето може да работат само 15 часа неделно.
Заупер, исто така, тврди за „огромните еколошки придобивки“ од намаленото работно време.
Според студијата на повеќе британски универзитети во декември, ограничувањата за заштита на здравјето на луѓето доведоа до рекорден пад на глобалните емисии на јаглерод во 2020 година.
Рајли го дели ставот на шпанскиот политичар Ерехон дека воведувањето на пократка работна недела е генерално „добро за економијата, добро за вработените и добро за животната средина“.