СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Трамп заработил пари на демонстрантите: Собите на денот на протестот наместо 500, чинеле 8.000 долари

Собите во хотелот Трамп во Вашингтон, кои вообичаено чинат 500 долари за една ноќ, чинеле 7.500 долари на 5 јануари и 8.000 долари годинава на 6 јануари, пишува Ал Џезира.

Денес на судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Сенатот се презентираат воведни зборови и аргументот на демократите за негово отповикување, пренесува репортерот на тој медиум од Вашингтон.

Трамп е обвинет за една точка за поттикнување на бунт на 6 јануари, кога неговите приврзаници упаднаа во зградата на Конгресот додека се потврдуваа резултатите од претседателските избори на кои победи Џо Бајден.

Во немирите загинаа пет лица.

Сенатот одлучи дека судењето на поранешниот претседател е во согласност со Уставот, што го овозможи почеток на процесот.

Поврзани вести

Директорите заработуваат 320 пати пoвеќе од просечниот работник

msp-admin

Ривалот на Тесла излегува на берза: „Ракавицата е фрлена!“

Влатко Зорба

Путин рече дека можеби ќе се занимава со лозарство, акциите на неговиот пријател винар скокнаа за 11%

Влатко Зорба