СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Како Ворен Бафет заработи 6 милијарди долари за 5 месеци?

Инвестициската компанија „Беркшир Хатавеј“ на Ворен Бафет честопати се поврзува со осигурување, железнички превоз и големи инвестиции во „Епл“.

Сепак, славниот инвеститор тивко заработи милијарди долари од своите инвестиции во еден од најпопуларните сектори денес: електрични автомобили.

Бафет и „Беркшир Хатавеј“ заработија повеќе од 6 милијарди долари за само последните пет месеци раст на акциите на „Генерал моторс“ и кинескиот „БИД“.

„ГM“ најави планови за 30 нови модели на електрични автомобили до 2025 година, а брзиот развој на „БИД“ ја зацврсти компанијата како еден од најголемите светски производители на електрични автомобили.

„Беркшир“ првпат инвестираше во „ГМ“ во 2012 година, а заклучно со 30 септември 2020 година имаше 80 милиони акции во вредност од 2,4 милијарди долари.

Оттогаш забележан е раст од 125%, што значи дека „Беркшир“ веќе има удел од 4,3 милијарди долари во компанијата, со оглед на тоа што во овој период не беа купени и продадени акции од „ГМ“, пишува „Бизнис Инсајдер“.

Тимот на Бафет беше еден од најраните инвеститори во „БИД“, купи 225 милиони акции по цена од по 1 долар. Денес, акциите на компанијата се тргуваат на берзата во Хонг Конг за околу 34 долари за акција, што значи дека инвестицијата на Бафет веќе се проценува на 7,8 милијарди долари.

До крајот на септември, акциите на „БИД“ се тргуваа под 16 долари по акција, што значи дека Бафет заработил 4,2 милијарди долари до денес.

Вкупниот принос на двете инвестиции беше 6,1 милијарди долари за помалку од пет месеци.

Бафет, како и неговата десна рака Чарли Мунгер, честопати се обвинети за неуспех во инвестирање во големите технолошки компании, особено во „Амазон“ и „Алфабет“.

Сепак, рекордните инвестиции на „Епл“, како и електричните автомобили, уште еднаш покажуваат дека „Беркшир Хатавеј“ има прилично добар тим за избор на инвестиции на компанијата.

Поврзани вести

Петров: Компаниите да ја искористат мерката за поддршка од 14.500 денари по вработен

msp-admin

Добивката на саудиски „Арамко“ се преполови во годината на пандемијата

Влатко Зорба

Tesla создава своја социјална мрежа

Влатко Зорба