СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Пад од 42,7 проценти на извршената работа на домашните градежници во странство

Во периодот јануари‒декември 2020 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 211 913 илјади денари, што е за 31,1 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според податоците на ДЗС, во текот на 2020-та градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 162 755 илјади денари, што е за 42,7 проценти помалку во споредба со истиот период од 2019-та година.

Во Германија се извршени градежни работи во вредност од над 90 милиони денари, во Црна Гора од приближно 30 милиони денари, во Босна и Херцеговина од близу 20 милиони денари, а во вредност од 10 милиони денари во Косово.

Поврзани вести

Јовановиќ: Покачувањето на струјата е удар врз 755.000 сиромашни граѓани

Берта Китинска

Во тек е исплата на правата од социјална и детска заштита за мај

Ангеловска-Бежоска: Нефункционалните кредити сведени на историски најниско ниво