СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Пентхаус продаден за рекордни 59 милиони долари: Закрепнува пазарот на луксузни станови

Гигантот „CK Asset Holdings Ltd.“ на тајкунот Виктор Ли од Хонг Конг продаде луксузен стан за рекордни 59 милиони долари, што е дополнителен знак дека закрепнува пазарот на луксузни станови во градот.

Станот е со пет соби, има повеќе од 300 квадратни метри и се наоѓа на „21 Borrett Road“. Рекордот од 2017 година беше соборен од оваа продажба, а тогаш во мода беше брдото „Mount Nicholson“ и луксузните недвижнини таму.

Најскапиот квадрат во „Белград на вода“ е продаден за 8.754 евра

„Bloomberg Intelligence“ напиша дека тоа е најскапиот дел во Азија. Сегашниот стан, продаден за огромна сума пари, има приватен покрив и базен. Купувачот не е познат во јавноста, но познато е дека барал три места за паркирање, чија цена е вклучена во крајната.

Оваа набавка го рефлектира враќањето на расположението во еден од најскапите пазари за луксузни станови во светот. Исто така, тоа може да влијае на повеќе потенцијални клиенти да изберат имот во овој дел на Хонг Конг.

Цените на луксузните имоти паднаа за 8% во 2020 година, според „Jones Lang LaSalle Inc.“ Минатата година владата ги откажа плановите за воведување данок на празни недвижнини, што може да го намали притисокот врз продажбата на луксузни куќи.

Поврзани вести

Продажбата на „нано“ станови се зголемува на најскапиот пазар за домување во светот

Влатко Зорба

Две кафулиња во Њујорк се продаваат за Bitcoin

Влатко Зорба

Кој е најкрадениот автомобили во Велика Британија во 2020 година?

Влатко Зорба