СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Над 100 економисти, политичари и активисти бараат од Лагард отпишување на јавниот долг на земјите-членки на Еврозоната

Време е Европската централна банка да отпише голем дел од јавниот долг на земјите-членки на Еврозоната, е апелот испратен од над 100 економисти, политичари и активисти ширум Европа, кон Кристин Лагард, претседател на ЕЦБ.

Во писмото, потпишано од Томас Пикети, Ласло Андор, Пол Магнити, Никола Дуфрен, меѓу другите, се вели дека од вкупниот долг што го имаат европските земји, 25 проценти се долг кон „нивната“ банка. Значи, додаваат тие, граѓаните на Европа кои самите си должат, мора дополнително да позајмуваат од другата страна, да плаќаат повисоки даноци или дополнително да штедат, за да ги отплатат долговите кон себе, односно на „нивната“ ЕЦБ.

„Како економисти и загрижени граѓани на многу земји на ЕУ, ние веруваме дека е наша должност да го посочиме фактот дека ЕЦБ може веднаш да им обезбеди на своите земји средства за нивно зелено закрепнување, но исто така да им помогне да ги поправат тешките социјални, културни и економски штетите што ги претрпеа нашите општества за време на разорните ефекти од пандемијата Ковид-19 “, се вели во отвореното писмо на 100 економисти до Претседателот на ЕЦБ.

Лагард: Закрепнувањето од пандемијата може да биде одложено

Дебатата за отпис на долговите на Европската централна банка доби сериозен замав во Франција, Италија, Луксембург, Белгија и во ходниците на европските институции, како и со претставниците на самата ЕЦБ, како и на министерствата за финансии на земјите од еврозоната.

„Нашиот аргумент не е дека не се спроведени заштитни мерки. Но, тоа сепак е во голема мера недоволно. Европскиот план за закрепнување се базира на едвај 300 милијарди евра субвенции во текот на три години, што е далеку од 2 трилиони евра што ги побара Европскиот парламент. Треба да се потсетиме дека, пред пандемијата, беше посочена потребата од сериозни дополнителни инвестиции за финансирање на еколошката транзиција во Европа“, се посочува во писмото испратено до Лагард.

Претседателот на Европската централна банка признава дека потписниците на апелот за отпис на јавниот долг се во право кога велат дека „сите земји од еврозоната ќе излезат од оваа криза со високо ниво на долг“.

„Но, несомнено е дека тие ќе можат да го вратат. Оваа година ќе биде година на закрепнување, иако не очекуваме еврозоната да се врати на нивото на пред-пандемијата до средината на 2022 година. Сепак, мислам дека би било многу покорисно ако енергијата потрошена за барање аргументи за отпис на долговите од страна на ЕЦБ се потрошеше за да се дискутира како се користат тие долгови. За што ќе се користи јавната потрошувачка? Во кои сектори во иднината треба да се инвестира? Тоа се клучните прашања денес“, рече Лагард.

Поврзани вести

Tesla доаѓа во Бугарија?

msp-admin

Производството во Италија редуцирано за третина: Повеќе од 420,000 луѓе остануваат без работа

msp-admin

Донирани леб, брашно и колачи на еднородителски семејства

msp-admin