СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Се преговара за инвестиции со 9 нови странски компании

Македонската економија е стабилна и се движи во добра насока. Во втората половина на годината очекуваме да се вратиме на нормалниот раст, изјави денеска премиерот Зоран Заев од собраниската говорница.

Одговарајќи на пратеничко прашање, Заев посочи дека кредитниот рејтинг на државата е потврден од агенцијата „Стандард и пурс“, а во моментот се преговара со девет нови странски компании.

Фабриката за кабли во Неготино е купена од турска компанија, а „Дрекслермаер“ е пред одлука за нова инвестиција со нови 2.000 вработувања, додека „Кромберт и Шуберт“ имаат целосно нова линија за мерцедес со што ќе се ангажираат дополнителни 1.600 работници и најверојатно се пред одлука за отворање на втора фабрика во земјава.

Поврзани вести

Шилегов: Во 2017 година е донесена одлука комплексот „Треска“ да стане туристичка зона

Влатко Зорба

Бежоска: Гарантирам дека и во 2020 година денарот ќе биде стабилен

msp-admin

Бочварски: Изградбата на магистралниот гасовод Куманово-Штип-Прилеп-Битола е со 90 процентна реализација