СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Воведена е-трговија во Пошта

АД „Пошта на Северна Македонија“ викендов ја воведува опцијата за е-трговија, односно можноста секој заинтересиран граѓанин да направи онлајн нарачка-подарок кој ќе се испорачува на саканата адресан за време и по повод 8 Март, Меѓународниот ден на жената.

Како што информираат од АД „Пошта на Северна Македонија“, процедурата е едноставна, брза и безбедна. Сите заинтересирани граѓани за користење на оваа услуга треба да ја посетат официјалната веб страница на Пошта: www.posta.com.mk. Потоа одбираат еден или повеќе од понудените подароци, внесуваат свои, како и контакт податоци, вклучително и адреса каде сакаат да биде доставен подарокот. Дополнително, постои и можност за пишување и персонализирана порака која во оргинална форма ќе се отпечати и достави до примачот.

Наплатата, како што стои во соопштението од АД „Пошта на Северна Македонија“, е целосно безбедна, а се одвива преку онлајн системот на деловниот партнер на Пошта, Халкбанк. Цената на достава за подароците е унифицирана и изнесува 80 денари, а важи за територијата на целата држава.

Ова е првпат националната Пошта да овозможува ваква опција, а целта и фокусот и во следниот период ќе биде дигитализацијата на целокупниот процес на услуги на Пошта, каде е-трговијата ќе зазема еден од централните улоги.

-Процесот на подобрување на работењето на Пошта во иднина сè повеќе ќе се заснова на користењето на современи дигитални алатки, како и преку засилена соработка со поштите од регионот, но и преку меѓународната поддршка која како компанија ја очекуваме, велат од АД „Пошта на Северна Македонија“.

Поврзани вести

До крајот на мај работниците ќе мора да го искористат стариот одмор

Берта Китинска

УЈП: Работодавачите и во јуни ќе добијат 14.500 денари од државата

Mакедонските граѓани трошат над 10 милијарди денари на домашни производи за една година