СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Eurobarometer“: Кои се најважните прашања за иднината на Европа по завршувањето на пандемијата?

„Eurobarometer“ спроведе истражување меѓу граѓаните на ЕУ за тоа што тие сметаат дека е најважното прашање за иднината на Европа. Според истражувањето, граѓаните на 10 европски земји сметаат дека тоа е јавно здравство, додека пет земји (Чешка, Финска, Белгија, Холандија и Данска) сметаат дека тоа е образованието. Само за две земји – Хрватска и Унгарија, најважното прашање за иднината на ЕУ се платите, пренесе „Банкар.ме“.

Од друга страна, претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, предупредува дека подготвеноста на ЕУ за нови пандемии мора да се зајакне.

Инвеститорите минатата недела беа загрижени за обновениот раст на приходите на американските државни обврзници. Сепак, пазарите се нестабилни и јасно е дека тие не се загрижени за растот на јавниот долг, кој стана „нова нормалност“. Сепак, „Oxford Economics“ верува дека комбинацијата на фискално-монетарни мерки за помош на американската економија ќе биде ефективна.

Исто така, германскиот институт за истражување на вработувањето (ИАБ) објави дека германската економија ќе ги чувствува последиците од пандемијата барем до 2025 година. Стапката на економски раст, според овие проценки, ќе се намали за 0,6 проценти во следните пет години поради корона-кризата, додека пазарите на трудот ќе се соочат со долгорочен пад на бројот на вработени за околу 200.000 до 2025 година.

Од друга страна, многу се очекува од доаѓањето на поранешниот шеф на ЕЦБ, Марио Драги, на чело на италијанската влада, кој според очекувањата на јавноста, би можел да ја стабилизира економската состојба во третата најсилна економија во ЕУ, без оглед на високиот јавен долг. ЕУ, исто така, се очекува да го суспендира Пактот за стабилност и раст на ЕУ за следната година, кој предвидува учеството на јавниот долг на земјите-членки на ЕУ да не може да надмине 60 проценти од БДП.

Анализите на една од најстарите банки во светот – Berenberg – предупредуваат дека е потребно да се посвети посебно внимание на прашањето за невработеноста.

Имено, за прв пат од 2016 година, Шпанија има четири милиони невработени, Велика Британија го усвојува првиот буџет за работа по „Брегзит“. Исто така, во одреден момент, „ќе секнат“ и чековите за домаќинствата, обемната помош за невработените и европските мерки за зачувување на работните места ќе пресушат. И тогаш ќе започнат банкротите на компаниите кои ја преживеаја пандемијата со субвенции и државна помош.

И затоа, велат во Berenberg, треба да се концентрираме на растечки деловни сектори што можат да ги компензираат овие негативни ефекти. Но, тоа бара соодветна работна сила. Затоа ЕУ планира секоја година 60 проценти од возрасните да учествуваат во учење дигитални вештини со цел да се постигне стапка на вработеност од 78 проценти до 2030 година (во 2019 година беше 73,1 процент). И, тоа ќе биде тешко да се постигне во земјите-членки каде има отпор кон т.н. „доживотно“ образование и подоцна пензија.

Поврзани вести

Драстично намалување на платите во Мерцедес

msp-admin

BlackBerry продале патенти на Huawei

Влатко Зорба

ЕУ одобри помош од 4 милијарди евра за „Ер Франс“

Влатко Зорба