СТАНДАРД life
БИЗЛАЈФ

Европските ковид-пасоши ќе важат само за вакцини одобрени во ЕУ

Предлогот за воведување на таканаречени ковид-пасоши за слободно движење во рамките на Европската унија, што ќе биде предложен на 17 март, ќе важи само за вакцинација со вакцини одобрени од Европската агенција за лекови (ЕМА). Ова е затоа што неодобрените вакцини нема да бидат опфатени со клаузулата за одговорност и контрола на квалитетот на ЕУ.

Илва Јохансон, комесарот за внатрешни работи во Европската комисија, ги потврди овие наводи во петокот вечерта откако извор од Брисел ги откри за „Еуроњуз“ неколку часа порано.

Изворот тврди дека еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс, јасно ставил до знаење дека земјите-членки можат слободно да ги вакцинираат своите граѓани со вакцини од други производители, но дека нема да добијат лиценциран сертификат за вакцинација за патувања, доколку вакцината не е од одобрен производител.

Европските регулатори во моментов одобрија вакцини од „Фајзер“, „АстраЗенека“, „Модерна“ и „Џонсон и Џонсон“.

Сертификатите за вакцинација ќе важат до крајот на пандемијата на коронавирус, рече изворот, додавајќи дека движењето во рамките на блокот за оние кои не примиле вакцина, сепак ќе биде можно преку тестови и карантин.

Ковид-пасошите ќе бидат достапни во дигитален и хартиен формат.

Рајндерс во четвртокот рече дека заштитата на податоците и можната дискриминација остануваат клучни прашања за ЕК, која е надлежна за изготвувањето на предлогот ковид-пасош. Но, информациите што протекоа во петокот, покажуваат дека фокусот е сè уште на изборот на вакцина.

Рејндерс сака да го забрза усвојувањето на предлогот во Европскиот парламент, кој ќе им овозможи на ковид-пасошите да станат „обврзувачки инструмент“ за сите земји-членки пред летото.

Претседателот на ЕК, Урсула фон дер Лејен, рече дека за три месеци ќе биде технички можно да се развијат ковид-пасоши, што ќе покаже дали некое лице е вакцинирано, тестирано е негативно или е имуно по некоја болест, но дека многу „политички прашања“ мора да се решат прво.

Ковид-пасошите би помогнале во воспоставувањето меѓународни патувања и веројатно ќе спречат уште една погубна летна сезона, бидејќи туристичката и угостителската индустрија продолжува да страда од ефектите на антипандемиските мерки.

Јужноевропските земји кои зависат од туризам, како што се Грција, Шпанија и Италија, поддржуваат ваков систем, но многу нивни партнери во северниот дел на ЕУ, како што е Германија, имаат резерви за воведување вакви сертификати.

Поврзани вести

Ги запознаваме ретките болести: Пјер-Робен синдром

Влатко Зорба

Принцот Чарлс и големи компании се здружуваат за справување со климатската криза

Влатко Зорба

Данска планира да воведе „корона-пасош“: „Ова е светлото на крајот од тунелот“

Влатко Зорба