СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Централната банка на Германија предвидува нагло опаѓање на економијата

Германската економија најверојатно драстично ќе падне во првиот квартал поради пандемиските мерки што извршија сериозен притисок врз услужниот сектор и ги забавија силните активности во градежната индустрија, објави во понеделникот централната банка.

„Мерките за контрола на пандемијата се во просек построги овој квартал отколку во претходните три месеци“, пишува Бундесбанк во месечниот извештај.

„Економската активност веројатно ќе падне нагло во првиот квартал од 2021 година … особено во услужниот сектор, чиј бизнис се потпира на директен контакт со клиенти“, соопшти централната банка.

Под такви услови, продажбата на мало нагло падна, а дополнителна кочница беше и повисоката стапка на данок на додадена вредност (ДДВ), што веројатно придонесе за значителен пад на градежната активност во јануари, додаваат тие. Владата минатата година накратко ги намали стапките на ДДВ, пишува „Seebiz“.

Индустриското производство исто така забави, истакнуваат тие, а меѓу позитивните вести го посочуваат силниот прилив на нарачки и растот на извозот на стоки.

Исклучок, сепак, беше германскиот извоз на стоки во Велика Британија, кој потона за цели 25 проценти во јануари, првиот месец по напуштањето на Европската унија.

Во извештајот минатиот месец, централната банка предвиде закрепнување на економијата оваа пролет благодарение на падот на бројот на ново заразени и вакцинацијата на граѓаните.

Вакцинацијата не е спомената во последниот месечен извештај, забележува Ројтерс, потсетувајќи дека испораките на вакцини доцнат, а медиумите често известуваат за можни несакани ефекти.

Поврзани вести

Фејсбук работи на поддршка на независните новинари

Влатко Зорба

VW ќе го трансформира овој е-ѕвер од концепт во масовно производство за само 2 години

msp-admin

Apple ќе произведе свој 5G модем за iPhone до крајот на 2022 година

msp-admin