СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

MasterCard се соочува со судски спор вреден 14 милијарди фунти

Специјален суд во Лондон ќе одлучи дали ќе биде усвоена најголемата колективна тужба во историјата на Велика Британија. Ако се оствари, MasterCard ќе мора да плати отштета од околу 14 милијарди фунти или околу 300 фунти за секој возрасен Британец, пренесе Ројтерс.

Еден од водачите на судската постапка, поранешниот британски финансиски правобранител Валтер Мерикс, тврди дека познатата компанија помеѓу мај 1992 и јуни 2008 година на своите клиенти во Велика Британија им наплатувала услуги над договорената сума .

Иако во тој временски период Mastercard имаше повеќе од 46 милиони корисници на опфатената територија, се оспоруваат износите на надоместоците што беа земени од малопродажните објекти секогаш кога клиентите вршеа трансакција со картичка.

Денес започнува дводневно рочиште, што може да означи почеток на судењето на првата масовна колективна тужба на Островот. Мерикс (и британскиот народ) е легално советуван од американската адвокатска фирма Quinn Emanuel.

MasterCard рече дека судењето не треба да се одржи, бидејќи нивните корисници „реализираа разни придобивки“ во тој шеснаесетгодишен период и дека целата тужба беше охрабрена од „американски адвокати и организации кои сакаат да профитираат на тоа“.

Поврзани вести

„Дизни“ со нов рекорд за приходи

msp-admin

„Гартнер“: Глобалните испораки на телефони ќе растат во текот на 2021 година

Влатко Зорба

Абу Даби цели на водородот како гориво за иден извоз

Влатко Зорба