СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Facebook гради директна интернет-врска помеѓу САД, Индонезија и Сингапур

Facebook планира да инсталира два подводни оптички кабли за поврзување на Сингапур, Индонезија и Северна Америка.

Google е вклучен во проектот на компанијата, како и некои од водечките телекоми во регионот на Југоисточна Азија.

Целта е значително да се подобри регионалниот пренос на податоци, пренесe Ројтерс.

„Оптичките траси, наречени Echo и Bifrost, ќе бидат првите два кабли поставени на новата рута на дното на Јаванското Море. Тие ќе го зголемат капацитетот за транс-пацифички пренос на податоци за 70%”, рече потпретседателот на Facebook, Кевин Салвадори.

Досега компанијата не го обелодени износот на инвестицијата, но рече дека е една од најзначајните во Југоисточна Азија.

Оптичките кабли за прв пат ќе ја поврзат Северна Америка директно со некои од централните и источните провинции на Индонезија. Ова значително ќе ја подобри поврзаноста на Интернет во земјата, која е четврта по големина во светот.

Трасата Echo, која се гради заедно со Alphabet (матична компанија на Google) и индонезискиот телеком XL Axiata, треба да биде готова до 2023 година.

Bifrost се гради во партнерство со Telin, дел од индонезискиот Telkom и сингапурскиот конгломерат Keppel. Треба да биде завршен до 2024 година.

Проектот за изградба на двата подводни кабли треба да добие одобрение од локалните регулатори. Тоа е дел од долгорочната стратегија на Facebook за подобрување на поврзаноста на Индонезија, што е петти по големина пазар на компанијата во светот.

73% од 270 милиони луѓе во земјата користат Интернет, но повеќето се потпираат на мобилен интернет. Само 10% се корисници со широкопојасен пристап до Интернет. Големите делови на земјата сè уште немаат Интернет покриеност.

Минатата година Facebook објави дека ќе инсталира повеќе од 3.000 километри оптички кабли во 20 градови во Индонезија.

Facebook, исто така, планираше да изгради директна Интернет врска од 12.800 километри, меѓу Калифорнија и Хонг Конг, но плановите на компанијата наидоа на отпор од американската влада.

Главната грижа на Вашингтон се ризиците за национална безбедност кои произлегуваат од директната оптичка врска со Хонг Конг, автономна територија во рамките на Народна Република Кина.

Поврзани вести

ЕК одобри 202 милиони евра помош за хрватски компании

Влатко Зорба

HTC: Престанавме да создаваме иновации во паметните телефони

msp-admin

Маск создаде „убиец на Фејсбук“?

Влатко Зорба