СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Американските компании додадоа најмногу работни места од септември (инфографик)

Американските компании додадоа најмногу работни места за шест месеци во март, што сигнализира дека ширењето на вакцините против Ковид-19 и продолжувањето на бизнисот охрабруваат вработување на нов персонал, пренесе Блумберг.

Бројот на нови работни места овој месец се зголеми за 517.000, а прогнозата за февруари е ревидирана на 176.000, според податоците на Институтот за истражување АДП, објавени во средата. Просечната прогноза во истражувањето на економистите од „Блумберг“ беше за зголемување од 550.000.

Најголем пораст во создавањето работни места е забележан во индустријата за забава и угостителство, заедно со силниот раст во другите индустрии, што укажува на посеопфатно подобрување на пазарот на трудот, кое полека се опоравува од пандемијата. Малите и средни бизниси покажаа дека се предмет на посилен раст на вработеноста овој месец во споредба со големите компании.

Податоците за АДП покажуваат зголемување на вработеноста во услужниот сектор со 437.000 нови работни места и зголемување на 80.000 кај производителите на стоки.

Инфографик: Блумберг

Поврзани вести

Закерберг и Дорси тврдат дека подобро се справиле во однос на мешањето во изборите (ВИДЕО)

msp-admin

Казино „Фламинго“ донираше дезинфекциони средства во вкупна вредност од 20.000 евра на ЈЗУ Општа Болница во Гевгелија

msp-admin

„GM“ ја „брка“ „Tesla“: Авто гигантот го менува логото и најавува 30 електрични возила

Влатко Зорба