Facebook честопати прво им покажува на корисниците, па дури и ексклузивно им ја покажува содржината што алгоритмите ја избираат врз основа на нивните преференции, односно оние за кои тие „мислат“ дека можеби им се допаѓаат.
Сепак, се чини дека интернет гигантот конечно реши да го промени тоа и да им овозможи на корисниците сами да одлучуваат за содржината што ќе им биде прикажана на врвот на нивниот News Feed.
На својот блог на компанија, Facebook најави воведување на „Feed Filter Bar“, која ќе биде на врвот на дисплејот на мобилната апликација, и им овозможува на корисниците да ја прегледуваат содржината што сакаат да ја видат, пренесува Би-Би-Си.
Новиот метод за прикажување ја носи и опцијата „Favourites“, што ќе им овозможи на корисниците да изберат до 30 пријатели и страници чии објави ќе имаат приоритет кога ќе бидат прикажани на нивните профили на Facebook.
Како и да е, корисниците сепак ќе имаат можност за прикажување на најновата содржина по хронолошки редослед, како и можност алгоритмот на Facebook да одлучи сам за себе која содржина ќе има приоритет да се прикажува.
Покрај ова, друга новина е што во иднина, Фејсбук ќе им покажува на корисниците објаснувања и критериуми според кои им се прикажува и препорачува одредени содржини и страници што не ги следат.
Новата опција за приказ на содржина најпрво ќе стане достапна за корисниците на уреди со Android, додека корисниците на iOS може да ја очекуваат во наредните недели.