СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Бројот на Закерберг меѓу протечените податоци од Фејсбук

Бројот на мобилниот телефон на извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг е еден од протечените лични податоци на 553 милиони корисници на таа социјална мрежа што хакерите ги објавија на Интернет, пишува британски „Дејли меил“.

Името, локацијата и брачниот статус на Закерберг, датумот на раѓање и корисничката легитимација на Фејсбук беа меѓу многуте украдени лични податоци објавени на хакерскиот форум во саботата, потврди истражувачот за сајбер безбедност Дејв Вокер.

Тој се пошегува, велејќи; „Ако новинарите се обидуваат да добијат изјава од Фејсбук, можеби треба само да се јават на овој број?

Според „Дејли меил“, протекле и личните податоци на Крис Хјуз и Дастин Московиц, коосновачите на Фејсбук.

Портпарол на Фејсбук изјави дека станува збор за стари податоци кои претходно биле пријавени во 2019 година.

„Овој проблем го најдовме и го решивме во август 2019 година“, тврдат од Фејсбук.

Се чини дека базата на податоци е иста група на бројки што кружат во хакерски кругови од најмалку јануари, според Алон Гал, ко-основач на израелската фирма „Хадсон Рок“ за разузнавање за компјутерски криминал.

Податоците се продадени и препродавани меѓу компјутерски криминалци веќе некое време, но истекувањето на информациите во саботата на хакерски форум сега ги прави во суштина бесплатни, според лондонскиот весник.

Поврзани вести

Во Австрија над 530.000 работници се без работа

Влатко Зорба

Huawei ќе наплаќа такси за користење на 5G патенти од Apple и Samsung

Влатко Зорба

Земјите во светот, кои имаат најголем обем на пари (инфографик)

msp-admin