СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НБ: Ширењето лаги и дезинформации ги вознемируваат граѓаните и имаат потенцијал да нанесат економски штети

Народната банка соопшти дека бил оодржан работен состанок на којшто учество зеле и претставници на банките и штедилниците и претставници на НБ. Состанокот бил во врска со невистините и лажните информации коишто се пласираат во јавноста во изминатиот период, поврзани со банкарскиот систем, на штета на целата економија и општеството во целина.

„Поаѓајќи од значењето што го има банкарскиот сектор за секоја економија, а и за општеството во целина, тој преставува најрегулираниот дел од економското живеење. Поради ваквата поставеност и значење на банкарскиот сектор во нашата економија, во трите децении независност, овој сектор ја игра водечката улога во одржувањето на вкупната макроекономска стабилност во земјата, стекнувајќи притоа доверба од нашите граѓани и компании. Како и во годините досега, така и денес, банкарскиот сектор го преставува најздравиот дел на македонската економија и со тоа претставува јавно добро од интерес за целото наше општество.

Истовремено, живееме во време кога новите технологии и интернетот даваат многу можности, но за жал во голема мера се користат и за ширење лаги и дезинформации коишто ги вознемируваат граѓаните и имаат потенцијал да нанесат економски штети. Со овие предизвици се соочува и нашето општество.

Затоа, Народната банка и Македонската банкарска асоцијација (МБА) уште еднаш сакаат да укажат на потребата од високо ниво на внимателност кога се работи за информации коишто се однесуваат на банките и штедилниците. Тука нема место за шпекулации и тенденциозни дезинформации. За таа цел, ги повикуваме медиумите секогаш, пред да објават каква било информација поврзана со банките, штедилниците и банкарскиот сектор, да ја проверат од релевантни извори, за да можат да им ја пренесат вистинската слика на граѓаните и на економските субјекти. Исто така, апелираме до граѓаните и економските субјекти мошне внимателно да ги проверуваат информациите коишто излегуваат во јавноста поврзани со банките и штедилниците, бидејќи не е во прилог на јавниот интерес создавање какви било избрзани реакции коишто покрај тоа што го одземаат времето, создаваат и дополнителни трошоци.

Злонамерни појави на ширење шпекулации и неточни информации имало и ќе има, а вообичаено се пласирани од личности кои покрај тоа што не водат сметка за својата одговорност, пред сѐ поради кратковидоста на своите лични интереси, не ги земаат предвид далекусежните влијанија на тие невистини врз јавноста и врз општеството во целина.

Затоа сакаме да апелираме до граѓаните и компаниите коишто имаат какви било прашања отворено да ѝ ги поставуваат на својата банка, на МБА или на Народната банка. Исто така, бидејќи банките се транспаренти економски субјекти, тие се обврзани и редовно објавуваат повеќе податоци за своето работење, коишто може и треба да се следат од сите заинтересирани граѓани и компании. Само на тој начин може да се заштитиме од пласираните невистини и да донесеме основана одлука за банката со која соработуваме“.

Поврзани вести

Оштетени штедачи: Еднаш бевме покрадени од организираната кражба на нашите депозити, сега повторно сме покрадени во стечајната постапка

Влатко Зорба

Арсовска: Приватниот сектор очекува тешка 2020 година

Никола Поповски

Бектеши: Вративме неколку цистерни со сомнителен мазут, ако треба ќе ги објавиме имињата на компаниите