СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НБ: Основната каматна стапка се задржува на нивото од 1,25 отсто

Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на последната седница одлучи основната каматна стапка да се задржи на нивото од 1,25 отсто.

Оценка на Комитетот е дека постојното ниво на каматната стапка е соодветно на тековните економски и финансиски услови.

-Намалувањето на основната каматна стапка до нивото од 1,25%, како и досегашното позначително намалување на понудениот износ на благајнички записи придонесоа за натамошно зголемување на ликвидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економија. На седницата беше оценето дека ослободената ликвидност изминатата година од вкупно 15 милијарди денари преку основниот инструмент на Народната банка е соодветна, при што се одлучи на аукцијата што ќе се одржи денес да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари – велат од Народна банка.

Поврзани вести

Деспотовски: Донирам пола моја плата за формирање Солидарен фонд за помош на вработените во домашните фирми

Арсовска: Со СЗО спроведуваме истражување за минимизирање на последиците по здравјето и економијата

Влатко Зорба

Ангеловска: Ќе има кратења на одредени стоки и услуги и одредени капитални услуги