СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Заев: Посветеноста на компаниите за постојан развој, придонесува за поквалитетни и поконкурентни производи и услуги

„Посветеноста на компаниите за постојан развој, придонесува за поквалитетни и поконкурентни производи и услуги, создавање нови работни места и економски раст и развој“, сподели премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Успешните апликанти во програмите за поддршка на ФИТР, учествуваат и во остварувањето на мисија на Фондот – поттикнување и поддршка на иновативните решенија во микро, малите и средните претпријатија, како и забрзан технолошки развој на компаниите.

Од портфолиото на Фонд за иновации и технолошки развој, во тек е реализацијата на проекти од 550 компании во вкупна вредност од 77 милиони евра, што е огромно зголемување ако се спореди периодот до 2017 година кога ФИТР просечно поддржуваше само 36 компании годишно.

За 2021 година, ФИТР ќе објави јавни повици за финансирање преку повеќе инструменти во износ од 17,5 милиони евра“, посочува тој.

Поврзани вести

Три конкретни мерки за што поскоро отворање и почеток со работа предложи Групацијата на забавни и едукативни дејности и игротеки

Арсовска и Мандела во Глобалниот комитет на жени лидери

Влатко Зорба

Пензионерите добија повисоки пензии за 722 денари

Берта Китинска