Панднемијата нема да пројде брзо и економската криза исто така. Се надевавме дека оваа година ќе се вратиме на нивото од пред пандемијата, но се појави овој последен бран. Според анализите оваа година ќе има повеќе консолидирање отколку изразен раст, но догодина ќе се вратиме на нивото каде што бевме пред почетокот на кризата, но сето тоа со претпоставка дека нема да има 5ти бран на есен, вели универзитетскио професор Ванчо Узунов во денешната емисија Топ тема на Телма ТВ.
-Доколку пак има петти бран работите ќе станат уште по сложени, затоа Светската банка апелира внимателно со финансиите бидејќи ова толку многу се оддолжи да и најјаките економии имаат проблем, а не пак по мали како нас. Нов бран ќе значи многу голем проблем, ќе треба да се крати на други места за да се даде на здравството и на преживување на оние бизниси кои континуирано ќе бидат со негативни резултати. Многу поширок дел од популацијата ќе биде принуден да ја осети кризата, а не како до сега само најранливите категории, вели Узунов.
Тој додава дека доколку има нов бран ќе се намали и бројот на финансиите кои ќе може да се позајмат и тие пари нема да бидат ефтини, а исто така според него, не се исклучува можноста во таа ситуација да се качуваат некои даноци, акцизи што ќе удри по стандардот на сите граѓани.
-Затоа е важно до летово барем критичната маса на граѓани да биде вакцинирана за на есен да можеме да функционираме нормано, рече Узунов.