СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Маск изгуби скоро 4 милијарди долари за еден ден

Основачот на компаниите „Спејс Икс“ и „Тесла“, Елон Маск изгуби речиси четири милијарди долари во текот на вчерашниот ден, според „Индексот на милијардери Блумберг“ (ББИ).

Според податоците, богатството на Маск е помало за 3,95 милијарди долари и изнесува 175 милијарди долари. Без оглед на тоа, тој сепак е втор најбогат човек на светот.

На прво место е основачот на „Амазон“, Џеф Безос, со богатство од 202 милијарди долари, а во текот на изминатиот ден, неговото богатство се зголеми за 707 милиони долари.

Поврзани вести

А1: Оневозможени се повици во мобилната телефонија поради технички проблеми

msp-admin

Бугарската компанија за гас им враќа на граѓаните скоро 100 милиони евра

msp-admin

Британскиот извоз во ЕУ „потона“ за 68 отсто во јануари

Влатко Зорба