СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Грција ќе го поддржи туристичкиот сектор со дополнителни 400 милиони евра

Грција ќе му помогне на клучниот туристички сектор со дополнителни над 400 милиони евра, објави министерот за финансии Христос Стаикурас.

„Деталите за пакетот за поддршка ќе бидат објавени кога грчката влада ќе ги заврши плановите“, рече министерот.

Туризмот претставува околу една петтина од грчкиот БДП, а владата официјално го отвори секторот во саботата, во надеж дека ќе ја спаси летната сезона откако приходите нагло паднаа минатата година поради мерките за „заклучување“.

– Планираме насочени субвенции за туризам – изјави Старикурас и додаде дека се проценува дека ќе чини повеќе од 400 милиони евра, пренесеРојтерс.

Грчката влада досега издвои 39 милијарди евра за да ги заштити компаниите и работниците во различни сектори, вклучувајќи го и туризмот, и беше ветено дека мерките за поддршка ќе бидат укинати постепено.

Поврзани вести

Дали е ова првиот албански суперавтомобил? (ВИДЕО)

Никола Поповски

Економијата на Ирска расте побрзо од кинеската

Влатко Зорба

Римац изгуби стотина илјади евра поради откажување на саемот во Женева

msp-admin