Стандард
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ за пола денар поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95

Од полноќ за пола денар поевтинува бензинот ЕУРОСУПЕР БС – 95, додека цените на другите горива и оваа недела остануваат исти, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,00 денари за литар. И неделава ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се точи по 70,00 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 59,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,647 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.05.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,596 ден/кг.

Поврзани вести

ТУК: Угостителството се затвора, итно да се додели посебна финансиска помош за секторот да се зачуваат работните места

Влатко Зорба

Предности на балирањето отпад наспроти отворените депонии

Влатко Зорба

Западен Балкан: На Црна Гора ќе и треба најдолг период за економско закрепнување, што е со Македонија?

Влатко Зорба