СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Во Полска започнува судењето за шпионажа на поранешен вработен во „Хуавеи“

Во судот во Варшава започнува судење за шпионажа, во коja, според обвинението, учествувале поранешен агент на полските тајни служби и поранешен вработен во „Хуавеи“, додека некои европски земји размислуваат дали да ја исклучат опремата на кинеската група од своите 5Г телекомуникациски мрежи.

Полска уапси двајца мажи во јануари 2019 година под сомнение дека шпионирале за Кина, што ја забрза меѓународната дебата за потенцијалните безбедносни ризици од користењето на опремата на „Хуавеи“ во комуникациските мрежи, пренесува „Ројтерс“.

Хуавеи постојано негираше дека властите во Пекинг можат да ја користат нејзината опрема за шпионажа, но САД вршат притисок врз државите да ја забранат. Во Европа тоа го сторија само Велика Британија и Шведска досега.

Полските обвинители тврдат дека Ванг Веијинг (39) како главен извршен директор на „Хуавеи“, повеќе од седум години шпионирал за Кина во обид да ја зајакне способноста на компанијата да влијае на полската влада. Ванг, кој е во притвор од апсењето, исто така е обвинет за регрутирање на поранешен агент на полската тајна служба, кој, како што велат обвинителите, го информирал за начините да влијае на копнените радио мрежи на службите за спасување и јавна безбедност.

Полскиот обвинет Пјотр Д. со години работел во највисоките делови на владата и е обвинет дека „се понудил себеси како извор на информации“ во врска со јавната администрација. Двајцата осомничени ги негираат сите обвиненија.

„Хуавеи“, која го отпушти Ванг по апсењето, но помогна во финансирање на правните трошоци, минатиот месец во изјава за „Ројтерс“ потврди дека нејзините активности се „во согласност со највисоките стандарди за транспарентност и усогласеност со законите и прописите“.

Администрацијата на тогашниот американски претседател Доналд Трамп ја пофали Полска за апсењето. Во тоа време, Варшава се обидуваше да ги убеди САД да го зголемат своето воено присуство во Полска.

Поврзани вести

ССМ: Пријави на телефон кршење на работничките права

Влатко Зорба

Продолжен рокот за доставување годишни сметки до Централниот регистар

Влатко Зорба

Скопски пазар со нето добивка од 107.113 илјади денари

Влатко Зорба